Вархељи очекува Софија во јуни да даде согласност за старт на преговорите со Скопје

1 min read

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархељи, по средбата во Бугарија со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток на преговорачкиот процес со Скопје.

Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, еврокомесарот Вархељи на Твитер напиша дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Северна Македонија.

– Интензивна средба со министерката Теодора Генчовска во Софија. Разговаравме за директните последици од војната во Украина за Западен Балкан и пошироко. Работиме на заемно прифатливо решение за да можеме да ги започнеме преговорите со РС Македонија и Албанија со одржување на меѓувладина конференција во јуни. Го ценам отворениот дијалог со бугарскиот претседател Румен Радев. Важноста да имаме стабилен и просперитетен Западен Балкан нема цена. Во овој контекст, значаен придонес би бил одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. Треба да работиме на ова заедно. За три недели ќе се вратам во Софија за да најдеме заеднички основа и поддршка од Бугарија, за да го започнеме преговарачкиот процес со Република Северна Македонија во јуни, пишува евокомесарот Оливер Вархељи.

Извор: МИА

Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 20 мај: Целете кон мир и користете го вашиот шарм

Следно

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian