„Романтиката“ меѓу Џони Деп и неговата адвокатка е тактика: Еве зошто

3 mins read

Деновиве повеќе од вообичаено се „шушка“ за Камилa Васкез, адвокатката на Џони Деп која го застапува во судскиот спор, а многумина се убедени дека меѓу нив двајца има нешто повеќе од обична професионална врска.

Се „шушка“: Џони Деп и неговата адвокатка Камила се заљубени

Топлите прегратки, насмевките и неверојатната блискост меѓу Камилa и Деп предизвикаа шпекулации во јавноста која е убедена дека се работи за љубовна врска.

џони деп
Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI

За сето ова зборуваше и водечки експерт за говор на телото и комуникациски вештини, сугерирајќи дека нивните интеракции се дел од „тактиката“ за прикажување на актерот како „романтичен херој“.

„Изгледа дека флертуваат, но веројатно тоа е финтата“, вели експертот Џуди Џејмс.

Таа е убедена дека „блискоста“ меѓу Деп и неговата адвокатка служи за да го направи актерот понежен и подопадлив, за разлика од имиџот на насилникот како што го претстави неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

„Ако сликата вреди повеќе од „илјада зборови“, овие „зборови“ изгледаат повеќе од романтични. Нејзиното однесување на суд го враќа Деп во улога на романтичен херој, а за неговите обожаватели тоа ќе биде како некаква потврда“ изјави Џејмс.

џони деп
Џони и неговата адвокатка Камила / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL

Таа исто така се осврна и на фотографијата од нивната прегратка каде Васкез е со затворени очи и со задоволна насмевка, опишувајќи ја ситуацијата како „добро обучена за камерите“.

Во меѓувреме, покрај изгледот кој, како што велат, потсетува на Меган Маркл, Камила ги освои обожавателите и со други карактеристики, а иако на многумина им се допаднаа овие „романтични“ сцени и посакаа актерот да има некоја како Камила, адвокатката е во среќна врска веќе неколку месеци.

Иако одлучила засега да не ги коментира односите со клиентот и бројните шпекулации за нив, вети дека тоа ќе го направи кога судот ќе донесе пресуда.

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI /

Камила е позната како „жесток испитувач“, а за време на испрашувањето на Амбер Херд успеа да ја натера да признае дека се уште не ја донирала договорената сума која ја добила од разводот во добротворни цели – како што вети и до неодамна тврдеше во јавноста.

Од самиот почеток на судењето, адвокатката кој работи за компанијата „Brown Rudnick LLP“ беше фаворизирана од многумина и беше препознаена како исклучително концентрирана личност подготвена „да ја истера правдата до крај“.

За потсетување, на судењето за клевета Деп бара 50 милиони отштета, а Херд двојно повеќе, односно 100 милиони долари.

Обожавателите на Џони Деп ја нападнаа ќерка му на „Инстаграм“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ЃП чекаше 16 години за нова титула во Купот

Следно

Наша должност е да им дадеме шанса на разговорите со Бугарија, вели Бојан Маричиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian