Османи вели дека ја претставил успешната приказна на Македонија пред Советот на Европа

1 min read

Руската агресија, исфрлањето на Русија од Организацијата Совет на Европа и активностите што треба да се преземаат за солидизирање со Украина, украинскиот народ, биле темите што доминирале на разговорите на министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Торино, рече во видеообраќање министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Од наш домашен аспект, се разбира дека беше претставена нашата успешна приказна како функционална мултиетнична демократија со највисок степен на човекови права на етнички и права на заедниците, и се разбира на индивидуалните човекови права. А во однос на мултилатерализмот, се разговараше за соработката помеѓу различните меѓународни организации, во овој случај нашето претседавање со ОБСЕ биде во блиска координација со Советот на Европа, се разбира и со ЕУ, нагласи шефот на дипломатијата, соопштија од МНР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови навики со кои ќе го забавите стареењето

Следно

Земјите од Г7 се договорија да се подготват за идни пандемии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian