Официјално е! Ријана и Асап Роки пред недела дена добиле син

1 min read

Пред неколку дена се прошири веста дека Ријана се породила со машко дете, но бидејќи информацијата беше споделена од работник во болница на социјалната мрежа „Фејсбук“, не беше потврдена. Вчера „People“ од избор близок до парот потврдува дека била вистина.

Работник во болница тврди: Ријана се породи, бебето е машко

Првото заедничко дете на Асап Роки и Ријана се родило на 13 мај во Лос Анџелес – но сè уште не го знаеме неговото име. Извор близок до парот вели дека тие се дома со бебето.

„Ријана е добро. Тие се многу возбудени што станаа родители. Ријана е веќе прекрасна мајка”, вели изворот.

Во јануари, парот сподели дека очекуваат бебе, на прошетка низ Њујорк. Убавицата од Барбадос беше последен пат забележана на 9 мај во Лос Анџелес.

ријана асап роки
Фото: Принтскрин / Instagram

Ријана ја помина бременоста во моден изразаз на женственост, гордо покажувајќи ја својата бебешка испакнатина.

Фото: Профимедиа

ФОТО | Смелиот стил на Ријана непроменет: Пејачката го покажа трудничкиот стомак

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонскиот репрезентативец Барди има понуда од Франција

Следно

Ахмети во Скопје и во Тетово ќе слави 20 години од трансформацијата на ОНА во ДУИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian