Македонија ќе го заземе местото на Русија на Европското првенство „Под 18“ години

1 min read

Македонската јуниорска селекција, извесно, ќе игра на турнирот од 30 јули до 7 август 2022 година ќе се одржи во Коња (Турција), е предлогот до Бордот на ФИБА Европа.

Бордот на ФИБА Европа кој заседава во Вилнус, на кој учествуваат спортскиот директор Тодор Гечевски, и потпретседателот на нашата федерација, Димитар Ефтимовски, утре попладне треба да го потврди предлогот, машката македонска селекција „Под 18“ години да добие пласман во елитната дивизија и да настапи на Европското првенство од Дивизијата „А“.

Македонија ќе го заземе местото на Русија, чии национални кошаркарски селекции се дисквалификувани за понатамошните натпреварувања под ФИБА, а поради воениот конфликт кој сè уште е активен во Украина.

Согласно со претходно утврдениот изглед на групите, нашата селекција ќе биде дел од групата „А“ во која се уште и репрезентациите на Франција, Велика Британија и Израел.

Македонија добива „покана“ за настап во „А“дивизијата поради четвртото место освоено на последното Европско првенство „Б“ дивизија, во 2019 година во Романија. Интересно е тоа што и тогаш селектор на репрезентацијата беше Тони Симиќ, кој ќе ги предводи нашите надежи и на шампионатот во Коња.

Инаку, покрај оваа селекција, настап во најквалитентото младинско натпреварување „А“ Дивизијата, ќе има и селекцијата „Под 16“ години која на свој терен, во Скопје (12-20 август), ќе се обиде да направи што е можно подобар резултат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мишел: БиХ има јасна европска перспектива

Следно

ФОТО | Најстарата инфлуенсерка на „Инстаграм“: Запознајте ја Хелен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian