КРВАВO УТРО ВО НОРВЕШКИОТ ГРАД НУМЕДАЛ: Најмалку четири лица избодени со нож во случајни напади

2 mins read

Најмалку четири лица се избодени и повредени во случајни напади во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.

Една од жртвите е во критична состојба, а инцидентот се уште трае, јавува Ројтерс.

Во 9:46 часот, еден час откако првпат биле известени за инцидентот, полицијата на Твитер објавила дека имала контрола над лицето за кое веруваат дека е сторителот.

Случајот полицијата го дефинира како ПЛИВО инцидент, односно континуирано насилство опасно по живот.

Двајца сведоци велат дека инцидентите се случиле до продавница во близина на локална црква.

– Нешто се случи на раскрсницата кај продавницата. На лице место има неколку возила на брза помош. Се чини сериозно, изјави еден сведок за медиумите.

– Засега има три лица кои се повредени, а едно е тешко повредено. Работиме на повеќе информации, соопшти полицијата на Твитер.
Градоначалникот Јан Бјерке за медиумите изјави дека нема целосен преглед на ситуацијата.

– Во процес сме на формирање кризен штаб. Добив известување пред 15 минути. Не е познато кога се случил инцидентот, изјави Бјерке.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Петровска: Македонија бележи статус кво во унапредувањето на правата на ЛГБТИ

Следно

Приведен крадец во Скопје, украденото вратено на сопствениикот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian