ФОТО+ВИДЕО: Трајковски шампион во Кралскиот куп на Саудиска Арабија

1 min read

Александар Трајковски оствари голем успех со екипата на Ал Фејха освојувајќи го трофејот во Кралскиот куп на Саудиска Арабија.

Во големото финале Ал Фејха триумфираше против Хилал после пенал серијата со 3:1, а по 120 минути игра резултатот беше 1:1.

Значаен придонес во победата имаше српскиот голман Владимир Стојковиќ кој само еднаш беше совладан од белата точка.

Ова е инаку прва титула за екипата на македонскиот репрезентативец во својата клупска историја.

Сезонава нашиот напаѓач во тамошниот шампионат запиша осум настапи и еден гол, а исто така и во Кралскиот куп еднаш се запиша во листата на стрелците од три настапи.

– Емоции кои не можат да се објаснат. Шампиони – стои во Инстаграм објавата на Трајковски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија ги поддржа санкциите на ЕУ кон Белорусија

Следно

Ќерката на Путин 50 пати летала од Москва за Минхен: Таа е во врска со Игор Зеленски?

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian