ФОТО | Најстарата инфлуенсерка на „Инстаграм“: Запознајте ја Хелен

1 min read

Кога ќе го слушнете поимот инфлуенсер, особено кога станува збор за Инстаграм, сигурно веднаш помислувате на млада личност, која изгледа како една од најпопуларните светски ѕвезди.Меѓутоа, дека тоа не е правило докажува и 93-годишната Хелен рут Елам, позната на „Инстаграм“ како Беди Винкл.

Хелен Рут Елам е 93-годишна жена и е вистинска интернет-сензација. Имено, таа е најстарата инфлуенсерка на светот. Таа докажала дека младоста не е пресудна за успех на социјалните мрежи, каде повеќето луѓе се „млади, убави и успешни“.

Според истражувањето на една веб-страница, која се занимава со заработувачката на инфлуенсерите, Хелен заработува многу повеќе од нејзините помлади и попознати колеги.

Нејзиниот профил на Инстаграм го следат 3,3 милиони луѓе, а за една објава, во просек, заработува 8.000 евра.

Секако не е изненадувачки што е толку популарна, бидејќи нејзините придружници се воодушевени од нејзините весели модни комбинации, дури и од костимите за капење, кои го отсликуваат нејзиниот ведар дух.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ќе го заземе местото на Русија на Европското првенство „Под 18“ години

Следно

Торнадо во германскиот град Падерборн, повредени околу 40 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian