ФОТО | Кејт Мидлтон беше главна ѕвезда на премиерата на „Top Gun: Maverick“

1 min read

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа гости набританската премиера на филмот „Top Gun: Maverick“ на плоштадот „Лечестер“ во Лондон во четвртокот вечерта заедно со ѕвездата на филмот, Том Круз.  На црвениот тепих, Кејт носеше црна тоалета од модната куќа „Roland Mouret“, со бело деколте до рамениците со нејзината препознатлива пуштена коса, но сокриена зад нејзините уши, за да ги истакне обетките.

Во меѓувреме, принцот Вилијам продефилира со класичен црн смокинг и машна, но темата на ноќта беа неговите чевли. Носеше мокасини „Crockett & Jones“ извезени со авиони „F18“.

Вилијам, кој и самиот беше пилот на хеликоптер во Кралското воздухопловство и Кејт беа запознаени со други членови на актерската екипа, како Џенифер Конели која ја игра Мајлс Телер.

Во еден момент во ноќта, Круз и ја подаде раката на Кејт додека таа се качуваше по неколку скали.

Премиерата во Лондон нема да биде првпат принцот Вилијам (39) и Кејт (40) да го гледаат долгоочекуваниот филм. Војводата и војвотката од Кембриџ, наводно, биле почестени на специјална проекција на продолжениетона покана на Круз, кој слушнал дека Вилијам е обожавател на оригиналниот филм од 1986 година.

„Имаме многу заедничко“, рече Круз принцот Вилијам на премиерата, според „My London“. „И двајцата ја сакаме Англија и двајцата сме авијатичари, обајцата сакаме да летаме“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Селекторот Савевски повика 35 ракометарки за настап на Медитеранските игри

Следно

Петков го повика Радев: Свикајте го Советот за национална безбедност за преговорите со Македонија

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian