Ед Ширан и неговата сопруга станаа родители по вторпат

1 min read

Музичарот Ед Ширан на својот инстаграм-профил објави дека тој и неговата сопруга Чери Сиборн по вторпат станале родители на уште едно девојче.

Ширан сподели фотографија од преслатки бели чорапчиња на кафено ќебенце.

„Сакам да ве известам сите дека добивме уште едно прекрасно девојче. Двајцата сме толку вљубени во неа и воодушевени сме што сега сме четиричлено семејство“, напиша Ед.

Музичарот не откри кога се родило девојчето. Двојката веќе ја има едногодишната ќерка Лира Антарктика, која се роди во септември 2020 година.

Ед и Чери се заедно од 2015 година, а се венчаа во 2019 година. Ед наводно ѝ посветил многу песни на својата сопруга, вклучувајќи ги хитовите „Perfect“ и „Shape of You“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија бара да се намали дипломатскиот персонал во Амбасадата на Словенија во Москва

Следно

ВИДЕО | Д-р Трпевска: Бомбардирани сме од парченца информации кои ја нарушуваат моќта за критичко расудување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian