Во времето на царот Констанс, синот на свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро, над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици-аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак, патријархот Кирил му пиша на царот Констанс, којшто и самиот клонеше кон аријанството. Тоа се случи на 7 мај 357 година. И во таа прилика се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања според сетилниот човечки разум, туку во силата Божја, објавена низ чуда и знаци многубројни.
Latest from Blog
Едно лице загина, а две се повредени во денешното невреме во Анкара, соопшти гувернерот на областа
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги оцени како провокации свирежите на македонскиот јазик на прославата на
Историјата на костимот за капење во голема мера е поврзана со неговото скратување, а речиси е
Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во „Жешко политичко лето“ зборуваше за исвиркувањето на македонскиот
Обилните дождови во северен Авганистан предизвикаа поројни поплави, во кои загинаа најмалку 31 лице, 17 беа