Дали не` очекува нова епидемија: Симптомите на мајмунски сипаници личат на грип, но можат да бидат фатални

3 mins read

Здравствените власти во Европа и Северна Америка забележаа зголемен број случаи на заразени со вирусот на мајмунска сипаница од почетокот на мај, што ги зголеми стравувањата дека болеста, која е ендемична во делови од Африка, може да се прошири и на други места во светот.

Светската здравствена организација побара внимателно да се следат заразените со вирусот. Шпанија, Португалија, Канада и САД ја пријавија болеста во средата. Велика Британија која првпат пријавила случај на болеста на 6 мај на лице кое било во Нигерија, во средата соопшти дека се регистрирани вкупно девет случаи. Во четвртокот, првиот случај беше дијагностициран во Италија во болница во Рим, како и во Стокхолм, Шведска.

Што е мајмунска сипаница?

Станува збор за ретка вирусна инфекција која првпат била откриена во 1958 година во колонии на мајмуни кои биле користени за истражување. Се смета дека овој вирус се пренесува преку глодари. Кај луѓето, мајмунските сипаници се откриена пред 52 години во Народна Република Конго. Во претходните децении, инфекцијата беше пријавена во неколку африкански земји, како и во Обединетото Кралство, САД, Израел и Сингапур.

мајмунска сипаница
Мајмунска сипаница / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Симптоми

Инфекцијата со вирусот на мајмунска сипаница започнува слично на инфекцијата со вирусот на грип. Пациентот има треска, чувствува малаксаност, се жали на главоболка, исцрпеност и болки во мускулите. Покрај тоа, постои оток на лимфните јазли. Овие симптоми се причината што првите случаи на мајмунска треска оваа година беа откриени дури по неколку дена – затоа што болеста е придружена со знаци кои може да укажуваат на широк спектар на болести.

Периодот на инкубација е од 7 до 14 дена, но понекогаш може да биде и од 5 дена до 21 дена. Осипот се појавува најмногу 72 часа од првите симптоми, најмногу на лицето, а потоа се шири на остатокот од телото. Болеста трае од 14 до 28 дена. Крастите кои се појавуваат како резултат на осипот паѓаат сами од себе.

лабораторија
Лабораторија / Фото: Pexels

Како се пренесува мајмунска сипаница?

Како и повеќето вирусни инфекции, вирусот на мајмунска сипаница се пренесува преку респираторниот тракт, но не е исклучен преносот преку телесните секрети за време на сексуален однос. Луѓето можат да се заразат и преку директен контакт со животни или нивни продукти.

Третман

Не постои посебен лек за мајмунска сипаница. Луѓето кои биле вакцинирани против сипаници се изложени на помал ризик од заразување со мајмунски сипаници. Меѓутоа, во светот имало случаи кои завршиле со смрт. Доколку почувствувате некаква промена, најдобро е веднаш да се консултирате со вашиот лекар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Државен празник во вторник, еве по кој возен ред ќе сообраќаат автобусите на ЈСП

Следно

Ковачевски: Со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата реализираме инфраструктурни проекти за потребите на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian