На состанокот на Управниот одбор на пливачката федерација одржан на 16 мај 2022 донесени се следните одлуки кои се однесуваат на настапи на репрезентацијата во пливање во повеќе категории и натпревари.
На претстојното Светско првенство во пливање кое ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија, од 18 јуни до 3 јули ќе настапат Евгениј Поп Ацев во далечинско пливање, и Андреј Стојановски (пливање) кај мажите, а во женска конкуренција Ева Петровска (пливање) и Миа Блажевска Еминова (пливање).
Потоа, на Медитеранските игри кои ќе се организираат во Оран, Алир, од 25 јуни до 5 јули ќе настапат Андреј Стојановски и Ева Петровска.
И на Медитеранскиот КОМЕН Куп кој се одржува во Лимасол, Кипар, од 3 до 5 јуни ќе учествуваат Јован Јанковски, Никола Ѓуретановиќ и Сара Јанковиќ.
Одлуките се донесени врз претходно добиените предлози од страна на Одборот за пливање и далечинско пливање кои се водеа според одлуките, односно нормите пропишани од самиот одбор и од Националната пливачка федерација на Северна Македонија предводена од претседателот Горан Стојановски.