Борел: Има недостиг од храна низ цел свет, а таму каде што ја има таа е скапа

1 min read

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска, уште еднаш, предупреди на глобалниот недостиг на храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на житарици, бидејќи сега поради борбите житото не може да се извезува, ниту да се сади и жнее.

-Има недостиг од храната и тоа ќе продолжи. И кога ја има таа е скапа, многу поскапа отколку што многу луѓе можат да си дозволат, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за развој на ЕУ.

„Доколку засегнатите луѓе трошат повеќе за храна, тогаш имаат помалку за образование и здравје, а тоа ќе ја продлабочи сиромаштијата и нееднаквоста“, додаде Борел.

Министрите за развој на ЕУ денеска одлучија да „поддржат повеќе од 70 партнери“ за да се подобри „отпорноста и одржливоста на нивните системи за храна со цел да го зголемат нивниот капацитет за храна на среден рок“, кажа високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност.

-Ги повикуваме и нашите партнери да не ја ограничуваат глобалната трговија со земјоделски производи, додаде Борел.

Борел исто така нагласи дека причината за претстојната криза со храна е руската инвазија на Украина, а не санкциите на ЕУ кон Русија, како што тврди Кремљ.

Русија во моментов го блокира извозот на 20 милиони тони жито од Украина, пред се во Северна Африка и Азија, наведува германската Влада, што предизвика раст на цените.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Што се крие зад значењето на овие класични песни?

Следно

Додик го смени својот став и го поддржа останувањето на ЕУФОР во БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian