Жичарницата денеска работи со скратено работно време

1 min read

ЈСП информира дека Жичарницата денеска, четврток (19.05.2022 год), ќе работи до 17.30 часот, поради редовни планирани тестирања.

Од утре, објектот ќе продолжи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно Одлуката за работно време во период мај – септември.

Од ЈСП потсетуваат дека во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи, потсетуваат од ЈСП.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Вархеји во работна посета на Софија

Следно

ДНК анализите потврдија: Телото извадено од Дунав е на Матеј Периш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian