ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и ветровито време

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа во следните неколку денови времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие од утре па натаму ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ. Особено ТОПЛО ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ајнтрахт ја освои Лига Европа и ќе игра во групите на ЛШ

Следно

Шарл Мишел во Белград на средби со Вучиќ и Брнабиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian