ВИДЕО: „Воините“ го скротија Дончиќ и поведоа во финалето на Западот

1 min read

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс славеа со убедливи 112:87 над Далас маверикс во првиот натпревар од финалето во Западната конференција во НБА лигата.

„Воините“ успеаја да најдат начин да го запрат најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 20 постигнати поени, но имаше слаб шут од игра (6-18), притоа загуби седум топки, а даде само два поени во второто полувреме.


Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 21 поен и 12 скокови, додека Џордан Пул и Ендрју Вигинс кои беа задолжени да го чуваат Дончиќ дадоа по 19 поени.

Во редовите на Далас,покрај Дончиќ, Спенсер Динвиди даде 17, а Џејлен Брансон 14 поени.
Вториот натпревар од финалето во Западната конференција ќе се игра во ноќта помеѓу петок и сабота.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Апел до граѓаните: Млада Турчинка е исчезната во Скопје, семејството моли за помош

Следно

Земањето лекови против болка за време на бременоста може да доведе до бројни компликации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian