ВИДЕО: Патријархот Порфириј срдечно со камбани го пречека поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан

1 min read

 Српскиот патријарх Порфириј во Белград го пречека архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската православна црква – Охридска архепископија г.г. Стефан.

Видео снимката од пречекот во соборниот храм „Свети Сава” во Белград е објавена на фејсбук и на инстаграм профилот на патријархот Порфириј.

Архиепископот г.г. Стефан пристигна во Белград во придружба на архиереи на МПЦ-ОА.

-Како што бијат камбаните на црквата „Свети Сава”, така и нашите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојдовте браќа Архиепископ Стефан и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта, вие и целиот ваш богољубив народ. Ние сме браќа и само браќа!, напиша патријархот Порфириј.

Како што соопшти Српската православна црква, денеска во храмот „Свети Сава” во Белград ќе се одржи архиерејска литургија на помирување, на која ќе служат патријархот Порфириј и архиепископот Стефан.

На литургијата ќе сослужуваат архиереи на двете цркви.

 

View this post on Instagram

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 19 мај: Ризикувај за да добиеш

Следно

Бајден заминува на посети во Азија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian