Украинското обвинителство побара доживотен затвор за рускиот војник кому се суди за воени злосторства

1 min read

Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил.

На вториот ден од судењето, обвинителот побара од судот „доживотна казна“ за Вадим Шишимарин (21),пренесуваат француските медиуми.

Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил за убиството на нејзиниот сопруг.

Овоа е прво судење за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, што почна на 24 февруари.

Шишимарин вчера призна дека на 28 февруари го убил невооружениот 62-годишен цивил, Олександр Шелипов, во североисточното украинско село Чупахивки.

kurir.mk

Претходно

„Нетфликс“ отпушти 150 вработени, губи претплатници

Следно

Скопјанец донесен во болница со прострелна рана во ногата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian