Средба на Г7 во Германија, ќе се бара решение за украинската економија

1 min read

Партнерите од Г7 денеска треба да имаат средба во Германија, каде ќе бараат решение за украинската економија, опустошена од војната, јави Би-би-си.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека досега ветената поддршка, „нема да биде доволна да ги покрие потребите на Украина, дури ни на краток период“.

Јелен, која ќе биде присутна на средбата во Коенигсвинтер, ги повика американските партнери да „се приклучат во зголемување на нивната финансиска поддршка“ за Украина.

Руската инвазија ги уништи украинските финансии. САД продолжија со пакет помош од 40 милијарди долари за зајакнување на касата и воените резерви на Киев. Но, најголемата светска економија се соочува со сопствени предизвици дома, со пораст на инфлацијата, додека се зголемуваат стравувањата оти земјата може да оди кон рецесија. Европа се соочува со слична ситуација, а големата зависност на континентот од рускиот увоз на енергија, остава изложеност на понатамошни поскапувања на горивото, или потенцијални нарушувања во снабдувањето. (МИА)

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат

Следно

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian