Спасеновски: МПЦ ќе добие томос за автокефалност

1 min read

Професорот и поранешен пратеник, Александар Спасеновски, вели дека целокупниот процес со статусот на Македонската православна црква доби на динамика со одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај.

-Оттогаш видовме како некои процеси кои беа во застој 50 години, добија на засилена динамика и интензитет. Односите на МПЦ и активноста во насока на стекнување на автокефалност можеме да ги детектираме во 2017 и 2018 година со писмото од Синодот на МПЦ до Цариград. Се случија серија на активности со писмата на претседателот на владата и претседателот на државата. Во однос на автономниот статус на кој е сведена МПЦ, одговорот е да и не. Од една страна сме убедени дека одлуки за враќање во понизок статус се носи од страна на институции во рамките на МПЦ и целата православна црква. Ние немаме таков тип на настан организиран од МПЦ, ниту какво писмо пратила МПЦ. Сметам дека станува збор за тоа дека никој не бара меѓусебно да се откажат или прифатат нешто. Оди кон тоа МПЦ да добие автокефалност, рече Спасеновски во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Му наплатиле 2 евра за еспресо, ги пријавил во полиција: Кафулето добило казна од 1.000 евра

Следно

Сенатот на САД гласа за доделување пакет од 40 милијарди долари помош за Украина

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian