Скулптура од 500 килограми украдена во Германија

1 min read

Бронзена скулптура висока повеќе од три метри и тешка 500 килограми исчезнала од магацин во западна Германија викендов. Истрагата е во тек.

Александар Пиниор е инженер кој неколку месеци работел на реставрацијата на скулптурата, инаку направена од германскиот уметник Хериберт Калин. Тој се прашува, како крадците успеале да извлечат толку огромно дело?

-За да се пренесе таква масивна скулптура би биле потребни 12 – 15 луѓе, рече Пиниор.

Се нуди и награда од 7.000 евра за враќање на уметничкото дело што ја красеше фонтаната во градот Келн. Доколку скулптурата била украдена за пари, стопениот метал би можел да се продаде на пазарот за цена од 3.000 до 4.000 евра. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Европа со апел до Бугарија и Северна Македонија

Следно

Општина Аеродром вработува сезонски работници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian