Скопјанец осомничен за недозволено поседување кокаин и оружје

1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичен законик, информираат од ОЈО Скопје.

– На 17 мај, при претрес во домот на осомничениот на улица „Ѓорѓи Костовски“, полициските службеници пронашле 9,9 грама кокаин и дигитална вага со траги од наркотична дрога. Во исто време, при претресот биле пронајдени и пиштол Berreta модел 950-В со калибар 6,35 мм и 20 куршуми од тој калибар, како и пиштол Ekol Tuna со калибар 8 мм, соопштија од скопското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство или да ги повтори делата за кои е осомничен.​​  

skopjeinfo.mk

Претходно

Шолц: Нема скратен пат за Украина кон ЕУ

Следно

Шолц најави посета на Западен Балкан во јуни: Регионот припаѓа во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian