Скопјанец донесен во болница со прострелна рана во ногата

1 min read

На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Украинското обвинителство побара доживотен затвор за рускиот војник кому се суди за воени злосторства

Следно

АТП ќе ги бодува турнирите во Истборн и Квинс, Вимблдон на чекање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian