Шолц е убеден дека Шведска и Финска ќе влезат во НАТО

1 min read

Убеден сум дека Шведска и Финска ќе успеат да влезат во НАТО и Германија прави се што е можно тоа да се случи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Холандија.

-Сите сакаат Шведска и Финска брзо да станат членки, па убеден сум дека ќе успееме да донесеме заедничка одлука, рече Шолц на прес-конференција со неговиот холандски колега Марк Руте, пренесуваат британските медиуми.

Канцеларот повтори дека Германија ги поздравува кандидатурите на нордиските земји и додаде дека има впечаток дека многу други земји го делат неговото мислење, наведуваат британските медиуми.

kurir.mk

Претходно

На ВМРО-ДПМНЕ не ѝ се допаѓа идејата на Макрон, Николоски вели дека местото на Македонија е во ЕУ

Следно

Македонскиот репрезентативец Зајков ќе ја напушти Славија Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian