Руденко: Отворањето на украинските пристаништа бара ревизија на санкциите кон Русија

2 mins read

Официјална Москва денеска соопшти дека исполнувањето на повикот на ОН за отворање на украинските пристаништа на Црното Море за да се дозволи извоз на жито ќе бара преиспитување на санкциите кон Русија, пренесоа руските меидуми.

Директорот на програмата за храна на ОН (WFP) Дејвид Бисли вчера го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори пристаништата на Црното Море.

-Ако и малку имате срце, ве молиме отворете ги пристаништата, рече Бисли.

FWP прехранува околу 125 милиони луѓе и купува 50 отсто од житото од Украина.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека „покрај обраќањето до Руската Федерација, мора длабоко да погледнете и во сложеноста на причините што ја предизвикаа актуелната криза со храна и, пред сè, има санкции од САД и ЕУ против Русија што ја попречуваат нормалната, слободна трговија, вклучувајќи ги и прехранбените производи, како пченицата, ѓубривата и другите производи“.

Украина, еден од најголемите светски производители на жито, извезуваше најголем дел од своите производи преку пристаништата на Црното Море, но е принудена да ги извезува своите стоки со железница или преку помали речни пристаништа откако руските војници извршија инвазија врз земјата.

Украина е спречена да ги користи пристаништата на Црно и Азовско Море, а во текот овој месец извозот на жито е преполовен во споредба со истиот месец минатата година.

Русија и Украина заедно произведуваат една третина од светските резерви на пченица. Украина е исто така главен производител на пченка, јачмен, сончогледово масло и маслодајна репка.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Ковачевски во посета на ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб

Следно

По две години матурантите повторно ќе танцуваат на „Матурска парада“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian