Премиер лига: Меч топка за Лампард, Лидс „навива“ за Астон Вила

1 min read

Во финишот од сезоната во Премиер лигата ситуацијата околу борбата за опстанок е следна, Евертон има 36 бода, Лидс 35, а Барнли 34.

Треба да се нагласи дека Евертон и Барнли имаат уште два натпревари до крајот на првенството, а Лидс само еден.

Евертон држи сè во раце пред мечот со Кристал Палас, кој на „Гудисон“ пристигнува без никаков притисок. Се очекува дека менаџерот на лондонскиот клуб, Патрик Виеира да им даде шанса на играчите кои беа во втор план.

А тоа е шанса за играчите на менаџерот Френк Лампард со триумф да го обезбедат опстанокот во елитата.

Од 20.45 часот Евертон е домаќин на Кристал Палас, а од 21 часот Астон Вила ќе го пречека Барнли.

Лидс, кој својот последен меч сезонава ќе го има на 22 мај на гости против Брентфорд, денеска ќе „навива“ за Астон Вила на дуелот против Барнли.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Следно

ФОТО | Адријана Лима со смел избор на фустан на премиерата на „Top Gun: Maverick“

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian