Паламар: Командата на „Азов“ сѐ уште е во Азовстал, во тек е соодветна операција

1 min read

Заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, денеска објави нова порака на Телеграм во која кажува дека командата на единицата сѐ уште се наоѓа во подземните тунели на огромната фабрика во Мариупол, која во последните два месеца прерасна во своевиден симбол на украинскиот отпор.

„Слава на Украина! Денеска е 85. ден од војната. Командата и јас сме во просториите на фабриката Азовстал. Во тек е операција, нема да давам детали. Му благодарам на целиот свет и на Украина за поддршката. Се гледаме“, изјави Паламар.

Од неговата изјава, меѓутоа, остана нејасно за каква операција станува збор во челичарницата во Азовстал од која во последните два дена се предадоа над 1700 украински војници.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општината инвестира во децата и нивната иднина: 3.500 денари помош за секое првооделенче во Аеродром

Следно

ВИДЕО: Евертон со пресврт за опстанок во Премиер лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian