Општината инвестира во децата и нивната иднина: 3.500 денари помош за секое првооделенче во Аеродром

1 min read

Децата се важни, а општината Аеродром инвестира во нив, нивната иднина и нивното образование. Ваква порака стигнува денес од градоначалникот Тимчо Муцунски коj преку својот инстаграм профил информираше дека општината на секое дете кое тргнува во прво одделение ќе му додели помош од 3500 денари.

– Покрај помошта што општината ја дава за секое новороденче, оваа година повеќе од 3 милиони денари се обезбедени во буџетот на општината за секое првоодделенче, истакна Муцунски во краткото видео обраќање.

Родителите на првачињата запишани во училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година.

Условите за аплицирање се објавени на веб страната на општина Аеродром, а образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formular

skopjeinfo.mk

Претходно

Бродот „Оушн Викинг“ спаси 158 мигранти во Медитеранот

Следно

Паламар: Командата на „Азов“ сѐ уште е во Азовстал, во тек е соодветна операција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian