Нови детали за здравствената состојба на принцезата Шарлин: Еве низ каков пекол поминувала

2 mins read

Поради инфекција на респираторните органи, принцезата Шарлин од Монако помина повеќе од една година далеку од очите на љубопитната јавност, но и од семејството, опоравувајќи се во болници во Јужна Африка и Швајцарија. Сега е откриен уште еден детаљ за нејзиното здравје, за кој знаеле само малкумина.

ФОТО | „Најтажната принцеза на светот“ конечно насмеана: Шарлин вторпат во јавноста по лекувањето

Според магазинот „You“, принцезата Шарлин минатото лето доживеала епилептичен напад, помеѓу двете операции на синусите на кои била подложена, што во голема мера може да ги објасни стравувањата на лекарите да ѝ одобрат повеќечасовен лет од Јужна Африка до Монако.

Нејзиниот живот се свртел за 180 степени пред една година кога отпатувала во родната Јужна Африка на патувањето што првично требало да трае само десет дена. Но, таа се заразила со бактерија која подоцна направила хаос во нејзиното тело и ѝ создала многу здравствени проблеми, па поради тоа седум месеци беше одвоена од нејзиниот сопруг, принцот Алберт и нивните две деца, принцот Жак и принцезата Габриел.

Поранешната олимписка победничка во пливање итно била пренесена во болница во Јужна Африка, по што започнала нејзината борба, а сето тоа кулминирало, по враќањето во Монако, со психички и физички слом, поради што била сместена во луксузната швајцарска клиника.

Епилептичниот напад ѝ се случил откако направила операција на синусите, но и трансплантација поради стоматолошка процедура. Тоа било непосредно пред да се онесвести и да заврши во итната медицинска помош во болницата во Дурбан, а според извор доверлив за споменатиот магазин, операцијата била исклучително исцрпувачка и закрепнувањето било исклучително тешко, што на крајот довело до напад.

Во тоа време најмалку помагале многуте притисоци од јавноста што ги чувствувала Шарлин, а најмногу поради тоа што не можела да си ги види децата. Освен тоа, добро знаела дека целиот свет будно го следи секој нејзин чекор, што само ѝ го зголемило стресот и ѝ го продолжило времето за закрепнување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Силекс во битка за четвртиот, а Македонија ЃП за вториот куп трофеј

Следно

Патријарх Порфириј: Конечно оздраве длабоката и болна рана стара 55 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian