Манчестер јунајтед на лето ќе носи три засилувања

1 min read

Управата на Манчестер јунајтед одлучи буџетот за засилувања во летниот преоден рок да изнесува 120 милиони фунти и сите пари се очекува да бидат потрошени на тројца фудбалери.

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг во вчера имал средба со управата на клубот на кој ги известил дека во летниот преоден рок сака екипата да ја засили со двајца играчи на Ајакс, Ентони и Јуриен Тимбер, како и со фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг.

Највеќе пари треба да се издвојат за Де Јонг – околу 70 милиони фунти, Ентони би чинел 50 милиони, додека останатата сума би била потрошена за Тимбер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц најави посета на Западен Балкан во јуни: Регионот припаѓа во ЕУ

Следно

ФОТО | Неверојатен потфат: Шеснаесетгодишник ќе стане најмладиот пилот кој го обиколил светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian