Македонскиот репрезентативец Зајков ќе ја напушти Славија Софија

1 min read

Нашиот одбранбен играч Ѓоко Зајков нема да остане во Славија Софија следната сезона, позајмицата нема да биде продолжена, пренесуваат бугарските медиуми.

Потсетување дека македонскиот репрезентативец поради руската агресија ја напушти Украина и сите тамошни фудбалски натпреварувања беа запрени.

Клубот на Зајков, Ворскла Полтава го испрати Македонецот на позајмица во Бугарија, во редовите на Славија Софија.

Зајков не се снаоѓа најдобро во екипата на Славија Софија и нејзиниот тренер Златомир Загорчиќ во иднина да не ги користи повеќе услугите на фудбалерот. Денеска го одигра целиот меч во поразот дома од Левски Софија (1:2) во 30 коло од шампионатот. Сезонава во првенството на Бугарија запиша само пет настапи со еден гол против Ботев Враца.

Исто така бугарските медиуми објавија дека нашиот дефанзивец ќе добие повик од селекторот Благоја Милевски за претстојните натпревари во јуни во Лигата на нации, а првиот меч е на 2 јуни во Разград против Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц е убеден дека Шведска и Финска ќе влезат во НАТО

Следно

Наскоро на „Нетфликс“: Документарна серија за семејниот живот на Хари и Меган

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian