Денеска и во вториот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Лигата на шампионите славеше Барселона против Флензбург со 27:24.
Во првиот меч одигран во Германија каталонскиот гигант триумфираше со четири голови разлика (33:29).
На тој начин Барса, која е најтрофејната екипа во историјата на ЛШ (со 10 титули) четврта година по ред ќе биде дел од Фајнал-фор турнирот во Келн (18/19 јуни 2022 год.)
За шпанскиот претставник, кој е инаку актуелен европски шампион од минатата сезона, Мем запиша шест голови, а пет Бенали.
Во редовите на Флензбурт шестпати во листата на стрелците се запиша Ване. Во средата учество на завршниот турнир обезбедија уште Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и полскиот Кјелце.