Гир: Сакаме почеток на преговорите со С Македонија и Албанија што е можно поскоро

2 mins read

Сакаме почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро и ги поттикнуваме сите напори за остварување на оваа цел, изјави денеска во Скопје амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во земјава Дејвид Гир.

Евроабасадорот Гир, во изјава за медиумите пред отворањето на панел дискусијата во рамки на одбележувањето на Денот на Европа 9 Мај, посочи дека не сака да навлегува во дебатата со рокови, но посочи дека треба да бидат направени максимални напори за остварување на целта за отворање на преговорите, што е можно побрзо.

– Апсолутно сме одлучни да продолжиме напред, знаеме дека е од стратешки интерес на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, овие земји да се приклучат на Унијата и ние очекуваме продолжување на процесот и да ја видиме Северна Македонија во ЕУ што е можно поскоро, изјави Гир.

Прашан дали новиот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон е замена за евентуален неуспех на процесот на проширувањето, Гир рече дека ставот на Макрон и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се јасни.

– Пристапните процеси за земјите од Западен Балкан остануваат главна движечка сила. Нема промени за процесот на проширување и единствен пат е проширување за Западен Балкан. Тоа е апсолутен приоритет и пат базиран на реформи. Затоа, не гледам дека ова ќе влијае на патот кон полноправно членство во ЕУ, изјави Гир.

Германската амбасадорка Анке Холштајн, порача дека земјите од регионот припаѓаат на ЕУ.

– Германскиот канцелар во владина декларација утринава изјави дека земјите од регионот на Западен Балкан припаѓаат на ЕУ. Тоа е пораката што му е потребна на регионот. Тој, исто така, додава дека геополитичката ситуација е поитна од кога било и ова е стратешка цел и за Германија. Германската Влада останува посветена, изјави Холштајн.

На панел дискусијата, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, најавено е и обраќање на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, на заменик претседателот на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели, како и на членот на Комисијата за европски прашања Моника Зајкова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Неверојатен потфат: Шеснаесетгодишник ќе стане најмладиот пилот кој го обиколил светот

Следно

Вархеји во работна посета на Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian