ФОТО | Адријана Лима со смел избор на фустан на премиерата на „Top Gun: Maverick“

1 min read

Светски познатиот модел Адријана Лима присуствуваше на премиерата на „Top Gun: Maverick“ на 75. Кански филмски фестивал во придружба со својот партнер.

ФОТО | Бремената Адријана Лима пристигна во Кан во тесен комбинезон и штикли

 

адријана лима
Адријана Лима и нејзиниот партнер Андре Лемерс / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Адријана се одлучила за црн впечатлив фустан со потпис на „Balmain“ со долги ракави и отворен дел под градите. Оваа модна комбинација Адријана несомнено го истакнува трудничкото стомаче.

адријана лима
Адријана Лима на премиерата на „Top Gun: Maverick“ / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

И покрај напредната бременост, таа не се откажува од високите потпетици, па уште повеќе ги издолжила нозете во елегантни црни сандали. На црвениот тепих позираше со своето момче, филмскиот продуцент Андре Лемерс кој се одлучил на едноставен смокинг во мастилна боја.

адријана лима
Адријана Лима и нејзиниот партнер Андре Лемерс / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

40-годишната Лима во февруари објави дека го чека своето трето дете. Неодамна парот го откри полот на бебето со симпатично видео кое го сподели на „ТикТок“, а сината боја на чадот и конфетите кои се појавија зад парот навестија дека бразилската убавица наскоро ќе стане мајка на момче. Ова ќе биде нејзиното прво дете со Лемерс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Премиер лига: Меч топка за Лампард, Лидс „навива“ за Астон Вила

Следно

Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian