Европските претставници од сите групи во Европскиот парламент ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави БНР.
Двете страни ги продолжуваат преговорите.
Северна Македонија очекува Бугарија да одобри почеток на преговорите на земјата со ЕУ.
„Македонската влада направи се` што очекувавме, но не ги започна преговорите. Земјата дејстува синхронизирано и по прашањето за Русија“, изјави социјалистот Тонино Пацула.
Андреас Шидер инсистира дека бугарското однесување не решило ниту едно прашање. Тоа има влијание и врз земјата и врз ЕУ.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски најави дека дозвола може да се даде утре. Сепак, македонската влада мора да ја исполни својата заложба за промена на Уставот и да стави крај на негативната кампања против бугарските граѓани.
Портпаролот на ЕПП Андреј Ковачев додаде дека Северна Македонија мора да го спроведе Договорот за добрососедство, ги пренесуваат изјавите бугарите медиуми.
И Европската комисија сака преговорите со С. Македонија да почнат до крајот на јуни