Бугарскиот европратеник Слабаков: Членството на С. Македонија би било „тумор за ЕУ“

1 min read

Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани.

Неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нарече Северна Македонија „геноцидна кон Бугарите“.

Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Северна Македонија во Европската унија е рамно на „тумор за ЕУ“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија на дијамантскиот јубилеј на Кан: Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите филмови

Следно

Јорданскиот крал Абдула Втори и официјално го стави во домашен притвор својот полубрат Хамза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian