Бродот „Оушн Викинг“ спаси 158 мигранти во Медитеранот

1 min read

Бродот „Оушн Викинг“ на невладината организација „СОС Медитеран“ денеска спаси 158 мигранти кај либискиот брег, кои се наоѓале на два гумени чамци непогодни за пловидба, соопшти невладината организација.

Меѓу нив имало шест бремен и жени и повеќе деца, меѓу кои и тримесечно бебе.

Еден човек е повреден, соопшти Европската организација за потрага и спасување на море, чие седиште е во Марсеј.

Според првите сведоштва, михгрантите минале девет часа на море и многу од нив биле исцрпени и емотивно потресени, велат од организацијата, која работи со помош на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Централниот Медитеран е најопасната мигрантска рута во светот, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Агенцијата на ОН проценува дека во 2021 година на таа рута загинале или исчезнале 1.553 лица.

kurir.mk

Претходно

Димитров: Ковачевски не е во право, бугарските уцени немаат поддршка од сите земји на ЕУ

Следно

Општината инвестира во децата и нивната иднина: 3.500 денари помош за секое првооделенче во Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian