АТП ќе ги бодува турнирите во Истборн и Квинс, Вимблдон на чекање

1 min read

Турнирите во Квинс и во Истборн што треба да се играат пред стартот на најпрестижниот гренд слем турнир – Вимблдон, ќе носат бодови на АТП ранг-листата и покрај тоа што организаторите под притисок на владата на Обединетото Кралство им забранија настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки.

АТП засега нема конечна одлука дали ќе и настапите на Вимблдон ќе се бодуваат или ќе се игра само за парична награда, а не за бодови.

– По обемни консултации со Советот на тенисери, бордот на АТП донесе одлука годинешните турнири во Истборн и во Квинс да се играат според предвидениот план, со бодување на настапите на тенисерите. Одлуката рускуте и белоруските спортисти да бидат суспендирани е во спротивност на правилата и пропозициите на АТП и им оневозможува на играчите од сите националности да настапуваат на турнирите поради своите резултати и без дискриминација. Санциите што ги воведе Тениската федерација на Обединетото Кралство за руските и белоруските тенисери ќе бидат разгледувани посебно. Конечната одлука дали ќе се бодуваат настапите на Вимблдон ќе биде донесена подоцна – објави АТП.

На руските и белоруските тенисери и тенисерки им е забрането учество на турнирите што се играат во Обединетото Кралство поради инвазијата на Кремљ врз Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец донесен во болница со прострелна рана во ногата

Следно

Стефанија ја одигра претставата „Галеб“ во чест на својата мајка: Јулија Мациевска со емотивна објава

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian