Атанасоски: Бугарското вето е само алатка со која земјите од ЕУ ги блокираат балканските земји

1 min read

Аналитичарот Благојче Атанасоски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 рече дека смета оти бугарското вето е само „алатка на земјите од Европската Унија да ги блокираат балканските земји“.

Според него, во ЕУ има различни интереси.

„Се сомневам дека бугарското вето е само… Бугарија претставува само маша во рацете на многу помоќни и влијателни земји во Европската Унија кои не сакаат едноставно тоа да го соопштат дека западнобалканските земји се неподготвени за влез во Европската Унија, па сега Бугарија е инструмент кој ќе ги блокира нашите европерспективи и преговорите со ЕУ“, вели Атанасоски.

Политикологот рече дека не верува оти Бугарија би го тргнала ветото за Македонија под притисок. Според него, и Грција била под притисок, па поминало долго време во спорот со името.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Овој човек постави рекорд за најмногу изедени Биг Мек хамбургери во животот

Следно

Ал-Келаифи му нуди на Мбапе да биде шеф на проектот на ПСЖ само за да остане во Париз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian