Анчелоти за Мбапе, Бејл и финалето со Ливерпул во ЛШ

2 mins read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одржа прес-конференција пред последниот натпревар сезонава во Шпанија. Во петок (20 мај) со почеток од 21.00 часот Реал во финалето на Кралскиот куп ќе ги одмери силите против Реал Бетис на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.

– Расположението е многу позитивно. Сакаме добро да се претставиме пред нашите навивачи во нашиот последен меч сезонава во Шпанија. Имавме одлична сезона и сакаме да им изразиме благодарност на навивачите – рече 62-годишниот италијански стратег.

Тој беше прашан и за претстојното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај во Париз, Франција.

– Природно е да има некоја нервоза пред финалето на Лигата на шампионите. Тоа е голем натпревар. Мислам дека Ливерпул има потешки недели до финалето од нас, бидејќи се подготвува за голем, важен натпревар овој викенд. Веќе го прославивме триумфот во првенството. Тие беа најдобри во ФА Купот – вели Анчелоти.

Воедно одговори на прашањето што е поважно за Реал Мадрид – да ја освои Лигата на шампионите или да потпише со Килијан Мбапе, а зборуваше и за велшката ѕвезда Герет Бејл.

– Навивачите на Реал Мадрид со нетрпение го очекуваат финалето на Лигата на шампионите. Мислам дека сите се фокусирани на победа во финалето на Лигата на шампионите. Лично, не се фокусирам на темата за Килијан Мбапе, мислите целосно ги насочив кон финалето. Целиот свет знае дека Герет Бејл го напушта Реал Мадрид и ќе се збогува со нас. Но, мора да потсетиме дека тој е дел од историјата на Реал Мадрид и е многу важен за клубот – рече Италијанецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Само двајца кафеанџии платиле за летните тераси во Центар, останатите газди бараат олеснувања

Следно

„YouTube“ воведува нова опција: Може да ги гледате само најинтересните делови од видеото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian