ВИДЕО | Д-р Митов: Народот сигурно ќе влезе во алтернативната медицина

2 mins read

Во 2015 година ЕУ направи анализа дека до 2025 година во здравство ќе има потреба од над половина милион здравствени работници на ниво на целата унија. Од тоа се очекува дека во наредниот период се очекува уште поголемо иселување на овој кадар од земјите и од кај нас, вели д-р Александар Митов осврнувајќи се на трендот на замунувањето на лекарите и медициските сестри од Македонија.

-Секогаш мора да планираме според најоскудниот ресурс, во здравствениот систем кај нас и во иднина тоа ќе биде кадарот.И тоа ќе трае во следните 30 години. Нас прва и основна стратегија ќе ни биде план за продуцирање на ваков кадар. Кога се отвараат вратите од ЕУ само за пример Романија изгуби 2 проценти од медицинскиот персонал, вели д-р Митов во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој се осврна и на традиционалната медицина кон која се повеќе посегнуваат граѓаните.

-Традиционалната и официјалната медицина имаат допирни точки. Се покажа и дека народната мудрост ите како била исправна. Хомеопатија е дел од алтернативната медицина во која се користат разредени супстанци, меѓу кои и отрови, но до толку разредени што организмот ги прима само како информација. Во некои земји во светот има интеграција на алтернативната и официјалната медицина. Особено Германија работеше на нивна интеграција. Државата ги препознава, не се смета тоа за нелегално, нема конфликт на тоа ниво. Кај нас не е така пред неколку години излезе законот, пред тоа ваквите лекари се сметаа за диви, врачеви, објаснува д-р Митов.

Според него народот сигурно ќе влезе во алтернативната медицина па затоа подобро е тој сегмент да биде регулиран за да нема сива економија.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неколку начини како да ги смирите симптомите на алер­гии на по­лен

Следно

Столтенберг ги поздрави апликациите за членство во НАТО на Финска и Шведска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian