ВИДЕО: Ајнтрахт ја освои Лига Европа и ќе игра во групите на ЛШ

1 min read

Финалето во Лига Европа помеѓу Глазгов Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт во Севиља (Шпанија) заврши со победа на германската екипа.

После подоброто изведување на пенали, Ајнтрахт славеше со 5:4, а во регуларниот дел на мечот резултатот беше 1:1.

Продолженијата беа завршени без поголеми возбудувања, иако шкотскот тим пред крајот на второто продолжение пропушти голема шанса.

Во пенал серијата Рамзи не беше прецизен од белата точка, а во петтата серија Рафал Сантос погоди и му донесе трофеј на бундеслигашот.

Во регуларните 90 минути Ренџерс поведе со голот на Џон Арибо (57`), а Ајнтрахт израмни во 69 минута преку Сантос.

Составот од Франкфурт чекаше на европски трофеј 42 години, а Глазгов Ренџерс половина век. Но, само еден клуб можеше да го подигне пехарот на Лига Европа и освои првиот европски трофеј во 21 век.

Ајнтрахт не само што го освои трофејот во ЛЕ, туку и од следната сезона ќе игра во групите на Лигата на шампионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Камбани и срдечен пречек за македонските владици во Белград

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и ветровито време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian