Љубовна приказна со трагичен крај: На денешен ден се убиени сараевските Ромео и Јулија

2 mins read

На денешен ден eдна голема љубов трагично заврши на 18 мај 1993 гoдина и стана тажна метафора на војната во Босна и Херцеговина.

Тоа што Бошко бил Србин, а Адмира муслиманка од Босна, не било препрека за нив или нивните родители. Биле во среќна, љубовна врска цели 9 години. Кога почнала војната, во 1992 година, родителите на Бошко го напуштиле Сараево, но тој не заминал со нив, бидејќи не сакал да ја остави Адмира, верувајќи дека војната брзо ќе заврши.⁣⁣ За жал, никогаш не го дочекаа крајот.⁣⁣

Двојката донела одлука заедно да побегнат од Сараево, охрабрени од пријател од босанската војска, кој ветил безбеден премин и за двајцата, без оглед на тензиите и опасната поделба на градот.

И покрај тоа што нивните семејства ги молеле да останат во Сараево, Адмира и Бошко тргнале од линијата на босанскиот фронт кон мостот што водеше од Сараево – на територијата што ја држеше српската војска. Планот бил преку Грбавица да се оди во Белград, да се почне нов живот.

Кога преминале од мостот Врбања на река Миљачка, околу 17 часот попладне, Бошко бил застрелан од снајпер. Следниот истрел ја ранил Адмира, која врескала од болка, но иако била смртно повредена, со последните сили ползела до својот мртов љубовник, завиткувајќи се во неговите раце. Се претпоставува дека била жива уште 15 минути по истрелот. Умрела покрај својот сакан Бошко.

Кој е одговорен за нивната смрт?

29 години подоцна, сè уште не се знае. Адмира и Бошко, мртви и прегрнати, останаа на мостот осум дена. Во 1996 година, по завршувањето на војната, телата на Адмира и Бошко беа донесени во Сараево, каде што беа погребани едно до друго, на гробиштата Лав.

Во 1994 година, за трагичниот крај на љубовта помеѓу Адмира и Бошко, снимен е документарецот „Ромео и Јулија во Сараево“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Романија размислува да го промени својот даночен систем

Следно

Џамбаски за Љубчо Георгиевски: И двајцата сакаме да нема граница од Охрид до Црното Море

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian