Утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад маж во Дунав, во близина на Ада Хуја. Според српските медиуми, гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш кога исчезна.
Пишува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на српски „Блиц“, пронајденото тело на себе има фармерки, маичка со апликација и една бела патика што, според информациите, се поклопува со гардеробата која ја носел Матеј Периш во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година во Белград.
Телото е извлечено од реката, на терен се форензичарите.
„Трага во бескрајот“: Таткото Ненад оваа песна му ја посвети на исчезнатиот син Матеј Периш