Шпанската втора лига во следната сезона ќе биде „побогата“ за екипа која има богата традиција, Расинг Сантандер.
Расинг минатата сезона настапуваше во третата по ранг лига во Шпанија (Терцера) и идната сезона ќе играат во Сегунда лигата. Управата на клубот најавува дека ќе ја засили екипата за да се обиде да веднаш да обезбеди пласман во Ла Лига од каде испадна точно пред десет години.
Најголемиот успех Расинг го оствари во 2007 година кога го освои шестото место во Ла Лига, а потоа играше во тогашниот Куп на УЕФА каде успеа да го совлада и Манчестер сити.
Дресот на Расинг Сантандер во минатото го носеа голем број познати фудбалери како Педро Мунитис, Езекиел Гарај, Фелипе Мело, Јоси Бенајун, Џовани дос Сантош, Олоф Мелберг, Кристијан Стуани, Маркус Розенберг, Фернандо Кореа.
Расинг 45 години настапуваше во најсилната шпанска лига, а последна му беше во сезоната 2011/12. Клубот е формиран 1913 година, а најголемиот успех во Ла Лига го остварија 1931 година кога го освоија второто место.