Работник во болница тврди: Ријана се породи, бебето е машко

1 min read

Странските портали пишуваат дека Ријана тајно го родила своето прво дете во петокот, според еден корисник на „Фејсбук“ кој тврди дека работи во болницата во која се случило породувањето.

Добитничката на Греми за прв пат ја потврди својата бременост во јануари, откако беше забележана со видлива бебешка испакнатина на прошетка во Њујорк со нејзиниот партнер Асап Роки. Во интервју за „ELLE“ во мај Ријана рече дека веќе е во третото тромесечје, а обожавателите по социјалните медиуми сугерираа дека терминот за породување е во мај.

Дали Ријана роди машко бебе?

Изворот напиша објава на „Фејсбук“ во петокот, тврдејќи дека поп-ѕвездата била пред породување и затоа го испразниле катот во болницата. Набргу потоа, го ажурираше статусот, трвдејќи дека родила машко бебе, пишувајќи „Луѓе, бебето е машко!“.

Фејсбук статус, Фото: Instagram

Ниту Ријана, ниту нејзиниот партнер Асап Роки не коментираа и со оглед на тоа дека ова е само гласина започната на „Фејсбук“, нема начин да се потврди дали пејачката се породила.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гаске направи нешто „невозможно“: Рекорд кој е нереален дури и за Ѓоковиќ и Надал

Следно

Наредните денови стабилно, во недела пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian