Почина Сашо Пижевски – Пиже од култните „Хавана Бенд“

2 mins read

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — познат скопски шоумен, пејач и угостител. Тажната вест на социјалните мрежи прв ја објави Игор Џамбазов. Тој се прости од Пиже преку социјалните мрежи.

Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес.

Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

Во последно време актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.

Џамбазов, се прости од него.

„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов.

skopjeinfo.mk

Претходно

САД: Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите 20 години

Следно

Црногорскиот претседател Ѓукановиќ во официјална посета на Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian