Неколку начини како да ги смирите симптомите на алер­гии на по­лен

12 mins read

По­ле­нот на др­в­ја­та кој е присутен од фев­ру­а­ри до мај, на тре­ва­та од мај до јули и на трев­ни­те рас­те­ни­ја од ју­ли до ок­том­ври е при­су­тен по­ве­ќе од по­ло­ви­на го­дина. Но, вие си­гур­но не сте алер­гич­ни на си­те ви­до­ви по­лен.

По­лен­ска­та алер­ги­ја на­ли­ку­ва на на­јо­бич­на ки­ва­вица, но ако сим­пто­ми­те како зат­нат нос, те­че­ње на носот и ки­вање пот­ра­ат и се ја­ву­ва­ат се­ко­гаш во ист пе­ри­од во го­ди­на­та или во ис­то­вет­ни окол­ности, проследени со че­ша­ње во но­сот и очите, по­не­ко­гаш и сол­зе­ње на очите, ста­ну­ва збор за алер­гис­ки кивавици и алер­гис­ки кон­јун­кти­вит, об­јас­ну­ва­ат алер­го­ло­зите.

Алер­ги­и­те нај­чес­то се пре­диз­ви­ка­ни од по­ле­нот на леска, то­пола, врба, бел ја­сен и бреза. Вак­ва­та ре­ак­ци­ја на ор­га­низ­мот по пра­ви­ло не е опасна, но е мно­гу неп­ри­јат­на и непо­вол­но вли­јае на ква­ли­те­тот на животот. Алер­ги­и­те се опас­ни са­мо ако пре­рас­нат во алер­гис­ка астма. Бро­јот на ли­ца­та што стра­да­ат од алер­гии е во по­стојан по­раст, а 70 от­сто од па­ци­ен­ти­те што нав­ре­ме не го ле­ку­ва­ат алер­гис­ко­то воспаление, зав­ршу­ва­ат со астма.

полен
Фото: Unsplash/Alex Jones

Алер­ги­и­те се сос­тој­би во кои по­стои ин­тен­зи­ви­ра­на ре­ак­тив­ност на иму­но­лош­ки­от сис­тем, по­ра­ди што мо­же да се ја­ви на­ру­шу­ва­ње на ко­жата, на вид­ли­ви­те слу­зо­кожи, црев­на­та слу­зо­ко­жа или на слу­зо­ко­жа­та на диш­ни­те па­тишта. Си­те овие по­ја­ви мо­жат да би­дат мно­гу благи, но и дра­ма­тични, ка­ко што е, на пример, сос­тој­ба­та на ана­фи­лак­ти­чен шок, кој чес­то до­ве­ду­ва до смртен ис­ход, об­јас­ну­ва­ат пул­мо­ло­зите.

По­ле­нот на др­в­ја­та (од фев­ру­а­ри до мај), на тре­ва­та (од мај до јули) и на трев­ни­те рас­те­ни­ја (од ју­ли до октомври) е при­су­тен по­ве­ќе од по­ло­ви­на го­дина. Но, вие си­гур­но не сте алер­гич­ни на си­те ви­до­ви по­лен. За­тоа е важ­но да ги нап­ра­ви­те си­те тес­то­ви за да ги иден­ти­фи­ку­ва­те алер­ге­ни­те што ве из­ма­чу­ваат.

Ко­га концен­тра­ци­ја­та на по­ле­нот на кој сте алер­гич­ни е зго­ле­ме­на во воз­ду­хот, ле­ка­ри­те не препорачуваат про­вет­ру­ва­ње на со­бите. Ис­то така, дол­на­та об­лека, од­нос­но це­ла­та об­ле­ка­та не тре­ба да ја сушите над­вор. До­кол­ку мо­жете, вгра­де­те фил­три за заш­ти­та од по­лен во спал­на­та со­ба и вгра­де­те специјални фил­три во ав­то­мо­би­лот. Но­се­те очи­ла за сонце што го на­ма­лу­ва­ат кон­так­тот на алер­ге­ни­те со очите. До­кол­ку но­си­те кон­так­тни со­чива, не би би­ло ло­шо мал­ку да се од­мо­ри­те од нив до­де­ка трае сезоната на по­лен. Прес­ле­ку­вај­те се по се­ко­ја про­шет­ка и из­миј­те ја ко­са­та пред спи­е­ње за да го отстраните сиот по­лен што сте го до­не­ле со себеси. Ре­дов­но миј­те ги раце­те и не ги фа­ќај­те очи­те ко­га ќе по­чув­ству­ва­те че­шање. Но­сот мо­же­те да го плак­не­те со фи­зи­о­лош­ки рас­твор. Избег­ну­вај­те ни­ко­тин, зачадени прос­то­рии и ба­зе­ни со хло­ри­ра­на вода, би­деј­ќи тие са­мо мо­жат да ги вло­шат ве­ќе по­стој­ни­те сим­птоми.

Ко­га концен­тра­ци­ја­та на алер­ге­нот е ви­сока, на па­ци­ен­ти­те им се препо­ра­чу­ва да зе­ма­ат ле­ко­ви што ќе ги на­ма­лат или ќе ги спре­чат алер­гис­ки­те ре­ак­ции на ор­га­низ­мот. Ле­ко­ви­те не ја ле­ку­ва­ат са­ма­та бо­лест, туку са­мо неј­зи­ни­те ма­ни­фес­та­ции што нас­та­ну­ва­ат во кон­такт со алер­ге­нот, по­точно, до­ве­ду­ва­ат са­мо до по­доб­ру­ва­ње на мо­мен­тна­та сос­тојба. Лек за пот­пол­но из­ле­ку­ва­ње на алер­ги­и­те не по­стои во кла­сич­на­та ме­дицина.

Фото: Pixabay/meineresterampe

Алер­ги­и­те во­о­би­ча­е­но се ле­ку­ва­ат со ан­ти­хис­та­мини, кор­ти­кос­те­ро­и­ди и де­кон­гес­тиви. Вак­ва те­ра­пи­ја во фор­ма на ка­пки, спре­јо­ви и пум­пи се да­ва за очите, но­сот, за бе­ли­те дро­бови. Те­ра­пи­ја­та е сим­пто­мат­ска и се да­ва ко­га ќе се по­ја­ват сим­пто­мите. Ко­га вак­ви­те ле­ко­ви не­ма да го сми­рат вос­па­ле­ни­е­то и не­ма да ја по­доб­рат здрав­стве­на­та сос­тојба, се вклу­чу­ва­ат и вак­цини. Тие не са­мо што ги на­ма­лу­ва­ат сим­пто­ми­те туку има­ат спо­соб­ност да го ис­пра­ват де­фек­тот на иму­но­лош­ки­от сис­тем, об­јас­ну­ва­ат пул­мо­ло­зите.

За­јак­не­те го иму­ни­те­тот

Си­те про­из­во­ди со кои се за­јак­ну­ва иму­но­лош­ки­от сис­тем мо­жат да им по­могнат на лу­ѓе­то што се алергични. Препо­рач­ли­во е да се зе­ма кал­циум, ви­та­мин Ц и цинк. Кал­ци­у­мот ја ре­гу­ли­ра про­пуст­ли­вос­та на крв­ни­те са­до­ви и на тој на­чин ги на­ма­лу­ва алер­гис­ки­те ре­ак­ции. Тре­ба да избе­ре­те пре­па­ра­ти што содржат кал­ци­ум и ви­та­мин Д, кој слу­жи за по­доб­ро ис­ко­рис­ту­ва­ње на кал­ци­у­мот во те­лото. Ви­та­ми­нот Ц го на­ма­лу­ва ни­во­то на хис­та­мин, а тоа е ко­рис­но во уб­ла­жу­ва­ње­то на алер­гис­ки­те ре­ак­ции. Цин­кот го зајакнува иму­но­лош­ки­от сис­тем и по­ма­га да се избегнат алер­гис­ки­те ре­ак­ции.

Вкрсте­ни алер­гии

Ли­ца­та што стра­да­ат од алер­ги­ја на по­лен по из­вес­но вре­ме мо­жат да раз­ви­јат и алер­гис­ки ре­ак­ции на одредени про­дукти. Вак­ва­та вкрсте­на алер­ги­ја нас­та­ну­ва по­ра­ди слич­нос­та на по­ле­нот и од­ре­де­ни белковини на со­од­вет­ни­от про­дукт на кои ор­га­низ­мот, при­родно, од­го­ва­ра со алер­гис­ка ре­ак­ција. На пример, кај ли­ца­та алер­гич­ни на по­лен од бреза, по­доц­на мо­же да се ја­ви алер­ги­ја на леш­ник, а придружни сим­пто­ми се че­шање, вко­ча­не­тост и боцка­ње во ус­на­та праз­нина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Атина уапсен поранешен градоначалник на Букурешт

Следно

ВИДЕО | Д-р Митов: Народот сигурно ќе влезе во алтернативната медицина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian