Португалецот Жозе Мурињо идниот четврток ќе има можност да стане првиот фудбалски тренер што триумфирал во сите натпреварувања под капата на УЕФА бидејќи со Рома ќе игра во финалето на премиерното издание на Лигата на конференции.
Мурињо со Порто и со Интер триумфира во Лигата на шампионите, а со Манчестер јунајтед и со Порто славеше во Лигата на Европа, односно Купот на УЕФА како што пред 19 години се нарекуваше ова натпреварување.
Идната среда, во Тирана, Рома предводена од Мурињо во финалето на Лигата на конференции ќе игра против Феенорд.
– Сите финалиња се важни. Одигравме 15 натпревари годинава во Европа, почнавме уште во август и многу патувавме играјќи доста тешки натпревари, посебно на гости. Дадовме многу и сега тоа сакаме да го наплатиме – вели Мурињо.